6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФК Вардар казнет од УЕФА со 40.000 евра

ФК Вардар казнет од УЕФА со 40.000 евра

vardar apo22

Дисциплинската комисија на УЕФА парично го казни фудбалскиот клуб Вардар за однесувањето на навивачите на реванш натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите против кипарски АПОЕЛ.

Дисциплинците на УЕФА го казнија Вардар парично со 40.000 евра. Казната е изречена поради неспортското навивање, истакнување недозволени пароли, користење пиротехнички средства и влегување на навивачите на теренот по завршувањето на натпреварот.

Вардар и АПОЕЛ во реванш натпреварот од второто коло, во Скопје одиграа 1:1, а во наредната фаза се пласира кипарскиот тим поради голот постигнат во гости, бидејќи првиот меч во Никозија заврши со резултат 0:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП