5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски: Ќе го нападнеме Рубин

Ангеловски: Ќе го нападнеме Рубин

TRABZONSPOR’UN UEFA AVRUPA LİGİ 3. ÖN ELEME TURU RÖVANŞINDA YARIN AKŞAM KARŞILAŞACAĞI MAKEDONYA’NIN RABOTNİCKİ TAKIMI TEKNİK DİREKTÖRÜ İGOR ANGELOVSKİ, TRABZON'A GALİBİYET VE TUR İÇİN GELDİKLERİNİ SÖYLEDİ. (GÖKMEN ŞAHİN - OZAN KÖSE/TRABZON-İHA)

Фудбалерите на Работнички се подготвени за првиот натпревар со руски Рубин Казан во рамките на плејоф фазата за пласман во Лига Европа. Преку реномираниот руски клуб „романтичарите“ ќе се обидат да го остварат најголемиот клупски успех, но и најголемиот успех на македонскиот фудбал во европските купови, никогаш ниту еден клуб од Македонија не играл во фазата по групи во евро куповите.

„Во Македонија многу ретко сме навикнати некој клуб да стигне во оваа фаза од европските купови. Јас како и пред натпреварот со Трабзон порачувам дека Работнички нема да биде само учесник во овој плејоф, туку нашиот план е да го дадеме максимумот, да одиграме најдобро што можеме и да обезбедиме позитивен резултат во Казан. Знаеме против каков клуб играме, знаеме дека се фаворити, ги респектираме, но бидете уверени дека ќе дадеме се од себе за да ги победиме“, рече на прес конференцијата тренерот на Работнички, Игор Ангеловски.

Предводникот на „романтичарите“ се соочува со кадровски проблеми пред значајниот натпревар, суспендирани за првиот меч со Рубин се капитенот Баже Илијоски, Иван Митров и Душко Трајчевски.

„Мојата филозофија отсекогаш била дека тимот секогаш е пред поединецот, тимот може да го надополни секое отсуство. Би сакал, како и секој тренер, да имам што е можно повеќе фудбалери на располагање, но ситуацијата е таква. Против Рубин ќе излеземе со 11 фудбалери, не со осум, тие тројца кои ќе настапат на местата на тие кои се супендирани ја имаат нашата максимална доверба.“

Ангеловски, против рускиот состав кој во своите редови има неколку реномирани фудбалски имиња (Карадениз, Билјатлединов, Рижиков, Карлос Едуардо..), нема да го менува стилот и формацијата. Формациски 4-4-2, агресивно и со висок пресинг Работнички ќе се обиде да стигне до позитивен резултат.

„Нема да менувам ништо во играта, пристапот, формацијата, стилот. Против Рубин ќе играме исто како што игравме во претходните натпревари, тој рецепт ни носи успеси во изминатите две години. Ние само тој рецепт ќе треба да го примениме на најдобар можен начин, да го извадиме најдоброто од нас и да се обидеме што подобар резултат пред реваншот“, дополни Ангеловски.

Натпреварот помеѓу Работнички и Рубин на арената „Филип Втори“ в четврток, а ќе започне во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП