20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОBild: Јунајтед понуди 85 милиони евра за Томас Милер

Bild: Јунајтед понуди 85 милиони евра за Томас Милер

tomas miler 333

Германскиот весник Bild пренесува дека Манчестер Јунајтед испратил во Минхен понуда вредна 85 милиони евра за трансфер на Томас Милер.

Во текот на преодниот рок германскиот шампион два пати ја одби понудата на ‘црвените ѓаволи’ за трансфер на напаѓачот, кој минатата недела наводно изјавил дека нема ништо против да се пресели на „Олд Трафорд“.

Доколку Манчестер Јунајтед го донесе Милер тогаш ќе го урне британскиот трансфер рекорд кој го постави минатата година кога во клубот пристигна Анхел Ди Марија.

Јунајтед добро ја отвори новата сезона, во првите две кола во Премиерлигата забележани се две победи, а во вторникот со 3:1 е совладан и Бриж во првиот плејоф меч во Лигата на шампионите.

Исто така и Милер добро влезе во новата сезона, во првото коло во Бундеслигата тој постигна два гола против Хамбург.

Инаку, Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок мора да донесе напаѓач бидејќи покрај Вејн Руни во тимот е уште само Чичарито Хернандез кој не е миленик на менаџерот Ван Гал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП