18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКовачиќ шест години во Реал

Ковачиќ шест години во Реал

kovaci

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид, потврди ‘кралскиот клуб’ на својата интернет страница.

Младиот фудбалер официјално на новинарите ќе им биде претставен во среда.

Ковачиќ (21) во Реал пристигна од милански Интер, а според медиумите трансферот е ‘тежок’ 35 милиони евра, што го прави Ковачиќ најскапиот фудбалер во историјата на хрватскиот фудбал.

Младиот и талентиран играч кариерата ја започна во Динамо Загреб, а во последните две години беше играч на Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП