21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите во финишот загубија од Литванија

Кошаркарите во финишот загубија од Литванија

mak

Кошаркарската репрезентација на Македонија по четирите победи го запиша првиот пораз во подготвителниот период.

Македонските кошаркари на турнирот во Литванија загубија од домаќинот со 62:68 (17:11, 15:16, 18:15, 26:12).

Избраниците на селекторот Србиновски против Литванците го контролираа натпреварот и имаа предност 35 минути, но потклекнаа во финишот кога промашија неколку отворени шутеви и направија три технички грешки.

Решавачки за победата беа подобриот шут за два поени на Литванците и двете загубени топки повеќе на македонската репрезентација.

Војдан Стојановски со 14 поени ја предводеше Македонија, додека двоцифрени беа уште и Самарџиски со 13, Костоски со 11 и Симоновски со 10 поени.

Македонските кошаркари на турнирот во Литванија в среда ќе играат против Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП