3 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗСледните BMW M3 и M4 ќе бидат хибриди

Следните BMW M3 и M4 ќе бидат хибриди

emce 333

Концернот „BMW“ нема да го прескокне сеопштиот занес кон спортски автомобили со хибридни агрегати и ќе овозможат следните генерации на моделите „M3“ и „M4“ да имаат токму таква технологија.

Изданието „The Detroit Bureau“ тврди дека двете возила ќе ги задржат своите редовни 6-цилиндрични турбо мотори, но тие ќе бидат сериозно надградени и тоа ќе овозможи зголемување на максималниот вртежен момент за околу 100 Нм. Вклучувањето на електромотор во системот не само што ќе ја зголеми моќта на агрегатите, туку и ќе го промени погонот.

Сега тој е на задната оска, но кај следните генерации ќе биде 4х4, тврдат информациите. Моторот со внатрешно согорување ќе ги придвижува задните тркала, а електромоторите – предните. Освен тоа новите „M3“ и „M4“ ќе бидат опремени со систем за обновување на кинетичката енергија (KERS), како и со други технологии од Формула 1.

Токму ова решение довело до сериозни спорови кај раководството на „BMW“. Дел од врвните менаџери на концернот сметаат дека дополнителниот електромотор и батериите за него значително ќе ја зголемат тежината на автомобилите и ќе пречат во нивното возење, пишува „The Detroit Bureau“.

Приврзаниците на идејата за хибридизација на седанот и караванот тврдат дека до смената на генерациите на „M3“ и „M4“, Концернот ќе може да развие полесни батерии. Освен тоа зголемената тежина ќе биде компензирана со посериозно користење на карбон во каросеријата на двете возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар