10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКукоч повторно во Чикаго

Кукоч повторно во Чикаго

kukoc 11

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Хрватска, Тони Кукоч, кој со Чикаго освои три шампионски титули во НБА лигата, стана советник на претседателот на клубот Мајкл Рејнсдорф. Основна задача на Кукоч ќе му биде да го промовира клубот во светот.

„Тони ќе работи во организацијата и ќе има различни улоги. Со своето искуство ќе ни донесе нови вредности, без оглед дали тоа ќе има врска со странските кошаркари во нашиот тим или кога ќе треба на нашите партнери и навивачи да им објасни што значи да се биде ‘бик’. Тони ќе биде наш силен претставник“, рекол првиот човек на Чикаго Булс, Рејнсдорф.

Кукоч дресот на Чикаго го носеше во периодот од 1993-та до 2000-та година кога дел од тимот беа и Мајкл Џордан и Скоти Пипен.

„Чест преставува тоа што повторно ќе бидам дел од екипата која го дефинираше мојот играчки пат тука во САД. Булси станаа мое семејство и навистина ѝ се радувам на новата работа“, рекол Кукоч.

На новото работно место Кукоч ќе му се придружи на поранешниот соиграч Скоти Пипен кој од 31-ви октомври 2012-та година е советник на претседателот Рејнсдорф.

Хрватскиот кошаркар во НБА лигата мина 13 сезони, седум од нив во Чикаго. Тој во 1996-та година беше прогласен за најдобар шести играч во лигата, а од 1996-та до 1998-ма година освои три шампионски титули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП