15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарски турнир „Сателит Скопје 2015“

Одбојкарски турнир „Сателит Скопје 2015“

pesok turnir

Градот Скопје од 19-ти до 23-ти август ќе биде домаќин на познати одбојкарски двојки кои ќе се натпреваруваат на Меѓународниот турнир во одбојка на песок „Сателит Скопје 2015“, во машка конкуренција.

„Скопје им се придружува на големите европски метрополи како Берлин, Брисел и Париз, во кои се одржуваат вакви големи турнири во одбојка на песок. Наградниот фонд на турнирот „Сателит Скопје 2015“ изнесува 8.000 евра. Ги поканувам вљубениците во одбојката да дојдат на игралиштата на Градската плажа „Парк“, да гледаат добра одбојка и да ги поддржат нашите репрезентативци, двојката Ангеловски/Клопчевски. Нашата заложба за следната година е во Скопје да ги донесеме и најдобрите женски одбојкарски двојки, на турнир во одбојка на песок“, изјави на прес конференцијата генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија Зоран Карановиќ.

Натпреварите ќе се играат во текот на четири дена, од четврток до недела, од 8 до 14:30 часот и попладне од 17 до 24 часот. Во недела, во вечерните часови ќе се одиграат финалните натпревари и ќе се доделат наградите на најдобрите одбојкарски двојки. Градот Скопје финансиски ја поддржува организацијата на турнирот со 800.000 денари, како и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија.

„Ми претставува особено задоволство што овој традиционален турнир во одбојка на песок годинава е издигнат на повисоко ниво, па Скопје ќе биде домаќин на сателит турнир ставен во календарот на  Европската одбојкарска конфедерација (CEV) како „Сателит Скопје 2015“, турнир во машка конкуренција. Досега, на турнирот се пријавени 30 одбојкарски пара, од 21 земја од Европа и тоа: Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и од Македонија“, рече градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Првата техничка ждрепка за натпреварите во одбојка на песок ќе се одржи на 19-ти август во 19 часот во хотелот „Холидеј ин“.

Квалификациската рунда ќе почне во четврток, на 20-ти август, во претпладневните часови, во која силите ќе ги одмерат 22 машки одбојкарски двојки. Во четврток, пак, во попладневните часови, ќе се одржи техничката жрепка за главната рунда натпревари, во која ќе настапат осум одбојкарски двојки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП