20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФилип Јиха нов соиграч на Лазаров

Филип Јиха нов соиграч на Лазаров

filip-jicha

Чешкиот ракометен репрезентативец, Филип Јиха, во новата сезона ќе го носи дресот на европскиот шампион Барселона, соопшти каталонскиот клуб на својата официјална интернет страница.

Искусниот, 33-годишен ракометар во Барселона пристигна од Кил каде мина осум години. Јиха со европскиот првак потпишал двегодишен договор, а во тимот ќе го замени Никола Карабатиќ кој се пресели во Пари Сен Жермен.

Јиха веќе неколку сезони игра во врвна форма, во 2010 година беше прогласен за најдобар играч во светот, а во изминатата сезона на 33 одиграни натпревари за Кил постигнал 105 голови.

Јиха е третото засилување за екипата во која игра Кирил Лазаров, по Хрватот Марко Копљар и Полјакот Камил Сприжак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП