3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватите останаа без Лафајет

Хрватите останаа без Лафајет

lajfet 01

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Велимир Перасовиќ, на три недели до почетокот на Европското првенство остана без главниот организатор на играта, натурализираниот Американец Оливер Лафајет.

Лафајет го повредил коленото на контролниот натпревар во Бремен, каде Хрвтска ја совлада Германија со 80:63.

„Снимката со магнетна резонанца покажа дека Лафајет има руптура на менискусот. Повредата е таква што тој најмалку еден месец ќе мора да отсутвува од терените и за жал нема да може да настапи на Европското првенство“, изјавил лекарот на репрезентацијата Јосип Самарџиќ.

Лафајет е втор играч кој отпадна од списокот на Перасовиќ поради повреда, претходно тоа се случи со Марко Рамљак.

Репрезентацијата на Хрватска на ЕП ќе биде домаќин на Ц групата во која уште се и Македонија, Грција, Словенија, Грузија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП