18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинималец на Ливерпул против Борнмут

Минималец на Ливерпул против Борнмут

liver

Фудбалерите на Ливерпул славеа над Борнмут со 1:0 во последниот натпревар од второто коло во англиската Премиерлига.

Единствениот гол на мечот го постигна Кристијан Бентеке во 26.минута од натпреварот.

Засилувањето на Ливерпул од Астон Вила беше најприсебен по центаршутот на Хендерсон.

Меѓутоа голот на Ливерпул е сомнителен бидејќи пред топката да дојде до Бентеке, Кутињо се активираше од офсајд позиција и директно влијаеше во понатамошниот тек на акцијата која заврши со постигнат гол.

Бентеке го постигна јубилејниот 50-ти гол за англиските клубови, а вкупно 12-ти во последните 13 натпревари во Премиерлигата.

Ливерпул можеше да забележи и поубедлива победа но ударите на Хендерсон во првото полувреме и Бентеке во 90.минута завршија во гредата. Исто така и Борнмут можеше да освои бод но ударот на Ричи во 60.минута заврши во стативата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП