петок, 27 мај 2022
ПочетнаАВТОБИЗLyonheart го оживеа духот на E-Type

Lyonheart го оживеа духот на E-Type

jaguar

Британскиот „Lyonheart“ го претстави спортскиот модел кој со својот ретро стил е инспириран од класичниот „Jaguar E-Type“. Автомобилот ќе се произведува во две верзии, купе и кабриолет, а производството е ограничено на 250 примероци.

Легендарниот „Jaguar E-Type“, кој се произведуваше од 1961 до 1974 година, и денес се смета за еден од најубавите автомобилски модели. Иако „Jaguar“ во својата историја има и други успешни возила, овој производител беше и остана најпрепознатлив само по „E-Type“.

„Lyonheart“, сака да ја продолжи традицијата на англиските производители кои рачно ги изработуваат автомобилите, па така го претстави моделот кој може да се смета за духовен наследник на „Jaguar E-Type“.

jaguar1

Дизајнерите Бо Золанд и Роберт Палм ја искористија карактеристичната силуета на моделот E-Type, со долга хауба и заден скратен дел, но и карактеристичната маска и оригиналниот дизајн на тркалата, но успеаа да создадат модерна верзија на „Jaguar“.

Каросеријата е направена од алуминиум, подвижниот платнен покрив на кабриолетот може да се подигне и спушти за само 12 секунди при брзина од 50 км/ч.

Внатрешноста на автомобилот исто така во целост е во ретро стил, со кожени седишта, воланот е со три краци направени од дрво, а класичните инструменти се со кружен облик.

jaguar3

Табла е обложена во дрво, а централната конзола со метал. И покрај ретро амбиентот, автомобилот е опремен со луксузен и модерен „Bowers & Wilkins“ аудио систем и „Bluetooth/iPod/USB“ конекции.

За погон ќе се користи V8 мотор со компресор на компанијата „Cosworth“. Оваа 5.0 литарска единица е во можност да се развие 575 КС и 700 Нм.

Моторот е поврзан со шестбрзински автоматски менувач и му овозможува на автомобилот да забрза до „стотка“ за 3.9 секунди пред да стигне до електронски регулираните 300 км/ч.

jaguar2

„Lyonheart“ на овој модел му ја додели едноставната ознака “К”, а се планира производството да започне во декември 2013-та година. Купе верзијата ќе се продава по цена од 422.000 евра, додека кабрио верзијата ќе биде со цена од околу 440.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП