2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе: Не ја давам европската круна

Иџе: Не ја давам европската круна

idze 300

На македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, на две трки до крајот на првенството му недостасува уште еден бод за да го задржи епитетот најбрз европски возач на ридски патеки.

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе со победа во Швајцарија ја потврди високата класа и две трки пред крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки е на чекор до одбрана на титулата. „Летечкиот Македонец“ уште еднаш докажа дека нема рамноправен конкурент во ова натпреварување во групата „Н“ и со вкупно време од 4:41.814 минути беше речиси 10 секунди подобар од второпласираниот Јиржи Лос од Чешка.

Во групата А, триумфира второпласираниот во генералниот пласман Лукас Војачек, но само чудо може да го спречи македонскиот ас да не ја одбрани титулата. За таква разврска, Иџе треба да не оствари пласман на патеките во Словенија и во Хрватска, а Чехот да слави и на двете трки до крајот на шампионатот.

„Ова беше исклучително тешка и напорна трка, пред се поради тешките временски услови. Немав друга опција освен да ризикувам на влажната патека, бидејќи немам намера да се откажам од европскиот трон. Според моите математики за нова титула потребен ми е само уште еден бод и се надевам дека ќе го освојам на следната трка за две недели во Словенија“, изјави Иџе.

„Летечкиот Македонец“ мината сезона победи во Швајцарија и ја освои првата европска титула, а тоа придонесе да стекне популарност кај овдешните фанови. Оваа година повторно ги израдува малубројните македонски фанови крај патеката, но за жал, не можеше со нив и да ја прослави и новата круна.

„Ме израдуваа неколку македонски навивачи кои живеат и работат во Швајцарија и дојдоа да ме бодрат на оваа трка. Убаво е да се види развиорено македонското знаме на трибините. Тоа ми даде дополнителен мотив да дадам се од себе и да извојувам нова победа. Се надевам дека ги исполнив нивните очекувања и дека не зажалија што дојдоа на патеката и беа горди што се Македонци“, додаде Стефановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП