21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаба ги мина прегледите во Челзи, потпишува петгодишен договор

Баба ги мина прегледите во Челзи, потпишува петгодишен договор

during the Bundesliga match between Eintracht Frankfurt and FC Augsburg at Commerzbank-Arena on September 14, 2014 in Frankfurt am Main, Germany.

Дефанзивецот Абдул Рахман Баба ги мина лекарските прегледи во Челзи. Репрезентативецот на Гана ќе потпише 5-годишен договор со англискиот клуб.

Во последната сезона 21-годишниот фудбалер настапуваше во дресот на германски Аугсбург. Поранешниот клуб ќе добие 25 милиони евра за трансферот, а со бонусите износот може да достигне 30 милиони евра.

Аугсбург го привлече Баба пред една година од Гројтер Фирт за само 2,5 милиони евра. Дефанзивецот настапи на 27 натпревари за Аугсбург во минатата сезона, а за националниот тим има 11 средби.

Холандскиот дефанзивец Натан Оке пак го продолжи договорот со „сините“ од Лондон. Новиот договор со 20-годишниот дефанзивец е до 2020-та. Во оваа сезона тој ќе биде позајмен во Ватфорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП