Фудбалерите на Атлетик Билбао направија голем чекор кон освојувањето на титулата во Суперкупот на Шпанија откако во првиот меч славеа над Барселона со 4:0 (1:0).
Екипата на Ернесто Валверде во целост го искористи заморот на противникот и комбинираниот состав со кој мечот го започна Луис Енрике и во целост го декларисра европскиот првак.
Рапсодијата на Атлетик ја најави Сан Хозе во 13-ти минута со спектакуларен гол од половина терен.
Барселона имаше можност на почетокот од вториот дел да се врати во игра, но своите шанси не ги искористија Педро и Меси.
Промашувањата на напаѓачите на Барселона ги казни Адуриц кој за 15 минути (од 53-та до 68-та минута) постигна три гола.
Реванш натпреварот во Барселона ќе се одигра в понеделник.