18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува Бундеслигата!

Стартува Бундеслигата!

bundesliga 83

Баерн секогаш има за цел да ја освои прво титулата во Бундеслигата. Но оваа сезона има посебна цел – да ја освои по четврти пат, нешто што досега никој го нема направено.

Малкумина се оние кои се сомневаат дека баварците нема да успеат во својата мисија. Оваа недела тие повторно беа дефинирани како фаворит број од тренерите во Бундеслигата.

Тренерот Пеп Гвардиола исто така ќе се обиде да постави уште еден рекорд во својата трета сезона на чело на минхенскиот состав.

„Ниту еден тим не ја освоил Бундеслигата четири пати по ред. Ќе биде тешко, но тоа е нашата цел“, рече тој.

Под негово раководство Баерн без грижи ги освои титулите во последните две сезони и сега работите не изгледаат премногу различни.

Тој најде решение за заминувањето на Бастијан Швајнштајгер во Англија со привлекувањето на Артуро Видал од Јувентус. А „лекот“ за редовните проблеми со повредите на Франк Рибери и Ариен Робен се нарекува Даглас Коста од Шахтјор (Донецк).

Французинот Рибери ќе го пропушти почетокот на сезоната, вклучувајќи и го првиот натпревар денеска против Хамбургер, но тоа веќе не е голем проблем за Гвардиола. Коста додаде и брзина и техника кон играта на крило, нешто што недостигаше во некои периоди во последните години.

Статистиката вели дека многу е голема предноста на рекордер по титули во однос на другите тимови. Тие ги освоија титулите со вкупно 54 поени повеќе од вториот во последните три сезони. Загубија девет од 23-те  бода во минатата сезона, кога титулата веќе беше обезбедена. Во минатата сезона во 34% од натпреварите, тие победија со четири или повеќе гола разлика.

„Нормално, Баерн и оваа сезона ќе биде мерило за сè. Тие се едноставно премногу далеку со нивниот потенцијал“, изјави тренерот на вицешампион Волфсбург, Дитер Хекинг.

„Волците“ се надеваат да продолжат од таму каде што завршија во минатата сезона. Тие го освоија Купот на Германија, неодамна и Суперкупот на земјата, а освен тоа беа најблиску до Баерн пред неколку месеци. Без да загубат некои од клучните играчи, тие го додадоа кон составот напаѓачот Макс Круз од Борусија Менхенгладбах.

Главниот предизвик за нив ќе биде да ги задржат силните барања од Манчестер Сити за плејмејкерот Кевин де Бруин. Играчот на годината во Бундеслигата уште е освоен од страна на англискиот клуб, а спортскиот директор Клаус Алофс тврди дека понудите го збунуваат играчот.

Волфсбург останува најсериозен кандидат, веднаш зад Баерн од страна на букмејкерите во прогнозите пред сезоната. „Sportingbet“ им дава коефициент 13,00 за освојување на титулата, 1,1 за „баварците“. А трети е Борусија Дортмунд, клуб кој влегува во својата прва сезона по ерата на Јирген Клоп. За нив коефициентот е 15.

Новиот тренер Томас Тухел има тешка задача да ја врати Борусија на нозе по колебливата мината сезона, која доведе до заминување на Клоп. Тимот треба да биде конкурентен и постојан, а комбинира и учество во Лига Европа. Првите натпревари од овој турнир дадоа надежи.

Третиот од минатата година, Борусија Менхенгладбах исто така се покажа во добра форма во предсезонските подготовки. Заминувањето на Круз беше компензирано од привлекувањето на Јосип Дермич од Баер Леверкузен, но пак ќе имаат тешка задача да играат и во групите на Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП