12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДесетте најплатени спортистки во последната година

Десетте најплатени спортистки во последната година

maria222

Тениската ѕвездата Марија Шарапова веќе 11-та последователна година го предводи рангирањето на најбогатите жени во спортот на списанието „Forbes“.

Тенисот доминира во рангирањето, а седум од првите 10 места се окупирани од тенисерки.

28-годишната Шарапова, која минатата година триумфираше на Ролан Гарос, заработил 6,7 милиони долари од наградни фондови за последната година, но нејзините вкупни приходи изнесуваат 29,7 милиони долари, според весникот.

Рангирањето се подготвува на база општи приходи од рекламирање, лиценцни договори, рекламни договори, поседувањето на удели во компании и во некои случаи – плата.

Најдобрата тенисерка во моментов Серена Вилијамс го зазема второто место во рангирањето со 24,6 милиони долари, додека првите три се оформува со Каролин Вознјацки со 14.6 милиони долари. Автомобилската натпреварувачка Даница Патрик е највисоко рангирана спортистка која не е тенисерка, заземајќи го четвртото место со освоени 13,9 милиони долари.

Само уште две спортистки надвор од тенисот спаѓаат во првите десет и тоа се Ронда Раузи (ММА) на осмото место и Стејси Луис (голф) на деветтото место. Тенисот е еден од ретките високоплатените спортови во кои платата кај жените и мажите е горе-долу срамнета, иако приходите на Шарапова се значително помалку од оние на Роџер Федерер, кој заработил 67 милиони долари.

Останатите спортистки во првите десет се Ана Ивановиќ (тенисерка, петтото место со 8,3 милиони долари), Петра Квитова (тенисерка, шестото место со 7,7 милиони долари), Симона Халеп (тенисерка, седмото место со 6,8 милиони долари) и Агниешка Радванска (тенисерка, десеттото место со 6 милиони долари).

Приходот на спортистките беше пресметан за периодот од јуни 2014-та година до јуни 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП