Германскиот производител „Audi“ ги откри цените на новата генерација на моделот „A4“ (B9) во верзиите седан и караван. Тие моментов се изнесени исклучиво во ценовникот за пазарот на Германија, каде моделот најпрво ќе се појави.
Во татковината, новата генерација на седанот ќе стартува од 30.650 евра, додека караван верзијата е проценета на 32.500 евра. Основните верзии располагаат со бензински мотор 1.4 TFSI кој развива 150 КС и 250 Нм.
Моделот може да биде опремен со богата палета на дизел и бензински мотори со 4 и 6 цилиндри. Исто така ќе биде достапна верзија на компресиран природен гас (CNG) – „A4 Avant g-tron“, управувана од 2,0-литарски „TFSI“ мотор со 170 КС.
По најмоќните бензински предлози се со мотор 2.0 „TFSI“ кој е достапен во верзии со 190 и 252 КС. Популарниот дизел агрегат со зафатнина од 2,0 литри кој се нуди со 150 или 190 КС, додека максималната верзија е 3.0 „TDI“ која генерира 218 или 272 КС.
Сите мотори со четири цилиндри се опреми стандард со нов 6-брзински мануелен менувач, а како опција се нуди автоматски менувач со 7 степен и две спојки. Врвната дизел верзија е опремена со 8-брзински автоматски менувач.
Листата со дополнителна опрема вклучува голем број на делови, меѓу кои се фаровите „matrix LED“, функцијата „Stop & Go“ и сообраќајните информации, аудио системот „Bang & Olufsen“, целосно дигиталната инструмент-табла и друго.
Сите детали за карванот и седанот „А4“ ќе станат јасни за време на премиерата во Франкфурт. Моделот ќе се појави најнапред на пазарот во Германија, каде што првите испораки на клиентите се закажани за оваа есен. На останатите пазари во Европа моделот треба да биде достапен пред крајот на годината.