
Изградбата на новиот стадион на Зенит оди со побавно темпо од очекуваното, а различните информации за вредноста на проектот беа причина за големи скандали. Неодамна беа изнесени податоци поврзани со цената на објектот, која наводно се зголемила за нови 12 милиони евра. Оваа информација предизвика многу голема бура, па поради тоа Гувернерот на Санкт Петерсбург, Георгиј Полтавченко, побара секоја недела да добива детални извештаи за фазите на изградба.

