17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРамос останува во Реал до 2020-та

Рамос останува во Реал до 2020-та

ramos perez 33

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос потпиша нов договор со „кралевите“ кој во клубот ќе го држи до 2020-та година, соопштува шпанскиот весник „АС“ кој е близок до мадридскиот клуб.

Искусниот стопер беше пред заминување од „Бернабеу“, но управата успеа да го предомисли. Тој доби нов петгодишен договор според кој ќе заработува девет милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси во зависност од резултатите и личниот перформанс на теренот.

Клубот ќе го официјализира продолжувањето на договорот со Рамос најдоцна до понеделник.

Целата работа околу продолжувањето на договорот ја завршиле братот на Серхио, Рене Рамос, Флорентино Перес и директорот на клубот Хозе Ангел Санчез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП