21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛавеци пред преселба во Ла Лига?

Лавеци пред преселба во Ла Лига?

laveci valencija

Езекиел Лавеци може да ја продолжи својата кариера во Валенсија.

„Лилјаците“ внимателно ја следат ситуацијата околу играчот, чија иднина во ПСЖ стана неизвесна по привлекувањето на сонародникот Анхел Ди Марија.

Евентуалното привлекување на Лавеци во Валенсија зависи од тоа дали тимот ќе успее да го мине плејофот за влез во групната фаза на Лигата на шампионите.

За место во групите во ова елитно натпреварување, Валенсија ќе ги одмери силите со тимот на Монако.

Доколку шпанскиот тим успее да го елиминира Монако, од Валенсија со сигурност ќе се обидат да го доведат Лавеци.

Интерес кон Аргентинецот пројавуваат и од Манчестер Јунајтед. За клубот од Премиер лигата сепак приоритет е привлекувањето на Педро Родригез од Барселона. Ако овој трансфер не се случи, и од Манчестер Јунајтед ќе се насочат кон Лавеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП