
Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ приреди големо изненадување со триумфот над Канаѓанецот, Милош Раониќ во второто коло од Роџерс купот во Монтреал.


Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ приреди големо изненадување со триумфот над Канаѓанецот, Милош Раониќ во второто коло од Роџерс купот во Монтреал.
Карловиќ славеше со 7:6 (7:1), 7:6 (7:1), а на патот до големата победа ја мина бројката од 10.000 ас удари во својата кариера.
На тој начин, Карловиќ му се придружи на сонародникот Горан Иванишевиќ, кој е единствениот кој досега имаше забележано над 10.000 асови за време на кариерата.

Јубилејниот ас Карловиќ го отсервира во вториот сервис при резулат 3:3,а до крајот на мечот направи уште четири ас удари. Од почетокот на годината Карловиќ има забележано 1.009 асови.
„Секако дека целта ми е да го стигнам Горан. Се надевам дека во тоа ќе успеам до крајот на годината, ако не во следната. Важно ми е само да останам здрав“, рече Карловиќ.
Иванишевиќ во текот на кариерата забележа 10.183 ас удари на 895 напревари, додека Карловиќ до бројката од 10.000 стигна во својот 527-ми меч,. Во наредното коло го чека победникот од средбата помеѓу Ришар Гаске и Леонард Маер.