Голманот на холандскиот прволигаш Ден Хаг, Мартин Хансен стана јунак на денот постигнувајќи сензационален гол со петица во судското продолжение спасувајќи го својот тим од пораз против шампионот ПСВ во 1-ти коло од Холандската лига.
Во петтата минута од судското продолжување беше досуден корнер за домаќините, а голманот Мартин Хансен во воздух успеа со петица да постигне гол кој сигурно ќе конкурира за гол на целата сезона.
Холандскиот првак поведе со погодокот на Адам Махер во 25 минута, по што за Ден Хаг изедначи Роланд Алберг во 34 минута, а ПСВ повторно дојде во водство во 61 минута преку Лук де Јонг. Кога се чинеше дека ПСВ со победа ќе го започне новиот шампионат, дојде спектакуларниот гол на голманот Хансен, постигнат во манир на најлуцидните стрелци.
https://www.youtube.com/watch?v=ATAmC8O2NsA