4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер се насочува кон Коентрао

Интер се насочува кон Коентрао

MADRID, SPAIN - SEPTEMBER 13: Fabio Coentrao of Real Madrid in action during the La Liga match between Real Madrid CF and Club Atletico de Madrid at Estadio Santiago Bernabeu on September 13, 2014 in Madrid, Spain. (Photo by Elisa Estrada/Real Madrid via Getty Images)

Името на Фабио Коентрао е тоа што се наоѓа на листата за летната селекција на Интер. „Нероазурите“ продолжуваат да работат напорно за засилување на составот за новата сезона и во моментов приоритет е изнаоѓање на класа лев бек, а токму Португалецот е на прво место меѓу потенцијалните кандидати.

Лично тренерот Роберто Манчини инсистира за привлекување на лев бек, а тоа го соопштил на директорите Пиеро Аусилио и Марко Фасоне, кои веќе работат на тоа прашање.

Според „Кориере дело Спорт“, од Интер ќе се обидат да го земат 27-годишниот дефанзивец на Реал Мадрид на позајмица до крајот на сезоната. На „Сан Сиро“ се потпираат на тоа дека Португалецот не е прв избор на тренерот Рафаел Бенитез за ​​сметка на Бразилецот Марсело.

Коентрао сепак не е единствената опција за „нероазурите“, кои имаат зацртано уште неколку имиња за овој пост. Ако не успеат со привлекувањето на Португалецот, од Интер ќе се фокусираат на Гаел Клиши од Манчестер Сити или Доминик Кришито од Зенит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП