28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоичков: Ван Гал ќе го уништи Јунајтед

Стоичков: Ван Гал ќе го уништи Јунајтед

stoickov-van-gal

Најдобриот бугарски фудбалер во историјата Христо Стоичков рече дека Луј ван Гал ќе го „уништи“ Манчестер јунајтед, на ист начин како што тоа го направи и со Барселона.

„Лично никогаш не би бил под команда на Ван Гал. Тој е медиокритет од тренер. Своевремено ја уништи Барселона, а тоа истото го прави и со Манчестер јунајтед“, рече Стоичков.

Стоичков се огласи по повод се почестите шпекулации дека крилниот напаѓач на Барселона, Педро ќе премине на Олд Трафорд.

“По се она што му го стори на Виктор Валдес, јасно покажа дека е лоша личност. Се надевам дека Педро ќе ме послуша и дека ќе остане во Барселона“, рече Стоичков.

Ова не е прв пат Бугаринот да го напаѓача холандскиот менаџер, со кој соработуваше пред 17 година на Ноу Камп.

Јунајтед новата сезона во премиер лигата ја отвори со неуверлива игра против Тотенхем, но и покрај тоа забележа минимална победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП