Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп ја доби понудата на Олимпик од Марсеј да го преземе францускиот клуб, пишува Bild.
Клоп не сакаше да го замени Марсело Биелса, кој после поразот во првото коло од Каен (1:0) поднесе оставка.
„Точно е, Клоп го одби Марсеј. Клубот беше многу заинтересиран за него, но се уште е рано Јирген да и се врати на тренерската работа“, рече агентот на Клоп, Марк Косицке.
Клоп минатата сезона ја напушти Борусија, во која дојде во 2008-ма година од Мајнц. Со тимот од Дортмунд освои две шампионски титули во Геманија – 2011-та и 2012-та, националниот Куп во 2012-та и играше во финалето на Лигата на шампиони во 2013-та година.
Како можни нови тренери на Олимпик се споменуваат Зинедин Зидан и Ерик Геретс.