19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио постави цена од 50 милиони за Лукас Биглија

Лацио постави цена од 50 милиони за Лукас Биглија

lukas biglija

Раководството на Лацио реагираше молскавично на гласините за интересoт кон новиот капитен на тимот, Лукас Биглија.

„Орли“ бараат неверојатните 50 милиони евра како трансфер сума на полудефанзивецот, со кои се надеваат дека ќе ги стопираат желбите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

„Кориере дело Спорт“ информира дека раководството ќе стори се за да го задржи еден од главните играчи во тимот.

Сепак во битката за аргентинскиот репрезентативец се вклучија неколку од најмоќните финансиски тимови во Европа. Покрај Реал и Манчестер Јунајтед интерес за Биглија имаат уште ПСЖ и Монако.

Англискиот весник „Сан“ соопшти денеска дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 25 милиони евра за Биглија и да го завршат трансферот уште оваа недела.

Шефот на Лацио, Клаудио Лотито сепак се заинатил. Тој и раководството му понудија нов договор на Аргентинецот, според кој ќе добива по 3 милиони евра во следните 5 сезони. Со новиот договор тој ќе стане најплатениот фудбалер во редовите на Лацио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП