7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона и Севиља ќе се обидат да го освојат европскиот Суперкуп

Барселона и Севиља ќе се обидат да го освојат европскиот Суперкуп

super kup 00

Вечерва во 20:45 часот на стадионот „Борис Паијчадзе“ во Тбилиси е закажан судирот на Суперкупот на Европа меѓу шпанските екипи Барселона и Севиља. Победникот во Лигата на Шампионите и оној во Лига Европа ќе се обидат да додаваат нов трофеј во својата колекција. Како и минатата година, повторно еден против друг ќе бидат два тима од Шпанија, а ова се случува по трет пат во историјата.

Барса изгледа како екипата фаворит пред овој натпревар. Каталонците се надеваат денеска да го израмнат рекордот на Милан и да го освојат петтиот Суперкуп во историјата во своето деветто финале за трофејот.

Луис Енрике нема да може да смета на болниот Нејмар и повредениот Жорди Алба. Така по левата страна на нападот ќе дејствува Педро, а друштво во првите редови ќе му прават Лионел Меси и Луис Суарез. Тројката во средината на теренот ќе биде Ракитич, Бускетс и Иниеста, а во одбрана ќе дејствуваат Матео, Маскерано, Пике и Алвеш. На голот пак се очекува да започне Тер Штеген.

За Севиља пак ова е четврто учество во битката за овој трофеј, како досега, тимот има само еден успех. Што е многу интересно, тој доаѓа токму против Барса во 2006-та година, а тогаш тие победија со 3:0.

За Севиља под знак прашање до последно остана Адил Рами, а Стеван Нзонзи сигурно го пропушта натпреварот поради болест. Тренерот Унаи Емери сепак ќе ги има на располагање нови засилувања Јевхен Коноплјанка и Чиро Имобиле, кои речиси сигурно ќе започнат меѓу стартерите. Покрај нив во првите редови ќе дејствуваат Вито и Ибора. Евер Банега и Криховјак ќе бидат двојката во средниот ред, а во одбрана се очекува да стартуваат Тремулинас, Колоџешак, Фереира и Даниел Карисо. Додека меѓу стативите ќе се најде Рико.

Вкупната статистика помеѓу двата тима во сите натпреварувања е категорично во корист на Барса. Каталонците имаат 80 победи, наспроти само 38 порази, а 34 натпревари завршиле нерешено. Последниот пораз на Барселона од Севиља е од 2010-та година, а во следните 11 натпревари каталонците имаат 8 победи и 3 реми.

Денес сепак статистиката не важи и натпреварот може да се развие на било кој начин. Уште повеќе дека тимот на Луис Енрике не покажа особено импресивни игри во предсезонските подготовки и не е познато во каква форма се наоѓа во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП