5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОOва е финалната понуда за Де Геа

Oва е финалната понуда за Де Геа

David-De-Gea-536035 (1)

Од Реал Мадрид ја упатиле последната понуда до Манчестер Јунајтед за голманот Давид де Геа и таа е во вредност од 25 милиони евра + уште 5 милиони евра во форма на разни бонуси.

Според „ABC.es“ понудата е конечна и Шпанците немаат намера да ја зголемуваат. Изданието тврди дека, сепак, Луис ван Гал и шефовите на „црвените ѓаволи“ не се склони на предлог под 35 милиони евра.

Де Геа веќе влезе во последната година од договорот со Јунајтед и следното лето ќе може да го напушти клубот како слободен агент. Самиот тој исто така сака да премине на „Сантијаго Бернабеу“. Поради нејасноста околу неговата иднина голманот се наоѓа во слаба форма и беше оставен надвор од групата за првиот натпревар на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

„ABC.es“ додава дека ако евентуално дојде до договор во кој да биде вклучен голманот на Реал, Кејлор Навас, тогаш тој ќе биде оценет на 10 милиони евра. Се смета дека репрезентативецот на Костарика може да премине на „Олд Трафорд“, како дел од трансферот на Де Геа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП