Манчестер Јунајтед може да разнесе трансфер пазарот во Англија. „Ѓаволи“ пројавуваат интерес кон најголемата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн.
Според „Мирор“ од „Олд Трафорд“ се сериозно заинтересирани за услугите на англискиот репрезентативец, иако официјална понуда се уште не е упатена. Сепак, можно е тоа да се случи до 1-ви септември.
На сите им е познато дека опциите на Луис ван Гал во нападот се доста ограничени по заминувањето на Робин ван Перси и Радамел Фалкао. Иднината на Хавиер Хернандез исто така изгледа неизвесна, а единствената друга опција за заменик на Вејн Руни е младиот Џејмс Вилсон.
Во Јунајтед се надеваат до крајот на неделава да го финализираат трансферот на Педро Родригез од Барселона, но тоа не ја исцрпува потребата од привлекување на типичен централен напаѓач.
Од Тотенхем категорично изјавија дека немаат намера да се разделат со Кејн. Неколкупати сепак Даниел Леви успеаа да одолее на искушението на кое бил подложен од страна на Манчестер Јунајтед.