26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го сака Де Бруин уште за дербито со Челзи

Сити го сака Де Бруин уште за дербито со Челзи

Kevin De Bruyne

Избраниот за најдобар фудбалер во Бундеслигата за минатата сезона, Кевин де Бруин може да премине во Манчестер Сити уште оваа недела, тврди „Daily Mail“.

„Граѓаните“ се оптимисти дека ќе успеат да ги финализираат преговорите за 24-годишниот Белгиец и тој ќе дебитира уште на 16-та август, кога е дербито од 2-то коло на Премиер лигата против шампионот Челзи.

Волфсбург постави цена од 50 милиони фунти за белгискиот репрезентативец, но од Сити се надеваат да го купат за 40 милиони и плус уште 6 милиони во форма на дополнителни бонуси.

Де Бруин имаше неуспешен престој на „Стемфорд Бриџ“ меѓу 2012-та и 2014-та година. Тој не успеа да се етаблира на новата средина и премина во Волфсбург, каде имаше одлична сезона и стана трансфер цел на голем број европски гиганти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП