26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСамо бод за шампионот Вардар против Шкупи

Само бод за шампионот Вардар против Шкупи

вардар-шкупи

Фудбалерите на актуелниот македонски шампион Вардар со реми (2-2, 0-1) и покрај целосната иницијатива против градскиот ривал Шкупи, ја започнаа новата сезона.

Во неделната во вечерен амбиент на стадионот „Арена Филип Втори“, Шкупи поведе во 22 минута преку Адријан Нухиу. Вардар ја продолжи јаловата офанзива во која по неколку добри можности за постигнување гол дури од пенал во 66 минута израмни преку Дејан Блажевски. Во продолжението „вардарци“ имаа уште две пречки а целосен пресврт направи Филип Ивановски во 86 минута. Но, втората голема грешка на домашната одбрана му овозможи на Флорент Османи во последната минута од регуларниот тек да го постигне конечниот резултат.

Иако овој натпревар беше прогласен за меч со висок ризик и не беше дозволено организирано присуство на гостински навивачи, по водечкиот гол на Шкупи дојде до пресмета на северната трибина на која имаше навивачи на двата клуба. Со полициска интервенција и кордон беше спречена натамошна пресметка меѓу навивачите.

Инаку пред почетокот на мечот, му беше оддадена почит на Александар Пандовски, кој потекна од вардаровата фудбалска школа. Фудбалери и навивачите со минута молк се простија од соиграчот, навивачите на Вардар истакнаа транспарент „Почивај во мир Пандо, западот никогаш нема да те заборави“. Дваесет итригодишниот фудбалер Александар Пандовски рано утрото во саботата (8-ми август) почина на скопските клиники, откако четири дена беше во кома. Тој беше тешко повреден во сообраќајната несреќа која се случи на 4-ти август кај бензинската пумпа „Макпетрол“ во Маџари на излезот од Скопје.

Во другите мечеви Шкендија го совлада дебитантот во Првата фудбалска лига Младост од Царев Двор со 3:1, Силекс како гостин го совлада Металург со 3:1, додека Хоризонт Турново славеше над Ренова со 4:0.

Во понеделник играат Брегалница и Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП