7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул со победа го почна походот во Премиер лигата

Ливерпул со победа го почна походот во Премиер лигата

philippe-coutinho-coutinho-liverpool-goal_3335501

Во последниот натпревар од неделната програма на првото коло на англиската Премиер лига, Ливерпул во гости го совлада со 1-0 Стоук Сити.

Поучени од минатогодишното гостување кај Стоук Сити, кога доживеаја вистински дебакл (1-6), фудбалерите на еден од најтрофејните англиски клубови во неделата на мечот му пријдоа со изразена желба за успех, во услови кога повеќето од ривалите за титулата стартуваа неочекувано со киксеви, во прв ред Челзи и Арсенал. Единствениот гол, и тоа се најдобриот потег на мечот, го постигна Кутињо во 86 минута, откако прецизно шутираше од работ на шеснаесетникот.

Претходно во неделата Арсенал на својот стадион „Емирати“ неочекувано беше совладан со 0-2 од Вест Хем Јунајтед. Иако огромниот дел од 60-те илјади гледачи очекуваа лесна победа на „топчиите“, нивните лондонски ривали „чеканите“ успеаја луцидно да искористат грешки на домашната одбрана и прво во 43 минута прецизен беше Чејку Кујате, а потоа во 57 минута водството го зголеми Мауро Зарате. Довчерашниот голман на Челзи, Петр Чех не се прослави на овој натпревар, иако при првиот погодок не по своја вина не успеа да стигне до тешката топката пред гостинскиот напаѓач, а при вториот реагираше очајно на релативно сланиот шут од дистанца на Зарате. Играчите на Арсен Венгер и покрај доминацијата и многуте шанси, не успеаја да постигнат ниту почесен гол.

Њукасл и Саутемптон во интересен и неизвесен меч ги поделија бодовите со резултат 2-2. Гостите поведоа во 24 минута преку Грацијано Пеле, но домаќините на крајот од првото полувреме – 42 минута преку Папис Сисе и на почетокот од второто – во 48 минута преку Георгинио Вијналдум направија целосен пресврт. Саутемптон изедначи во 79 минута со голот на Шејн Лонг.

Првото коло во Премиер лигата ќе го затворат во понеделникот Вест Бромвич Албион и Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП