27 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално Мурињо на Стемфорд Бриџ ќе остане до 2019-та

Официјално Мурињо на Стемфорд Бриџ ќе остане до 2019-та

mourinjo pari

Челзи официјално објави дека менаџерот Жозе Мурињо потпишал нов договор. Двете страни ја продолжија соработката до 2019-та година.

Информациите за новиот договор на „Специјалниот“ се појавија во медиумите уште пред еден месец. Од клубот ја потврдија во пресрет на првиот натпревар од сезоната во Премиер лигата, во кој лондончани ќе се сретнат со Свонси.

„Ако клубот е среќен, јас сум среќен. Мислам дека е нормално да потпишам нов договор. Важно е дека го продолживме и се надевам дека ќе уживаме во повеќе успеси во иднина, за навивачите, за играчите и за клубот“, рече „Специјалниот“.

„Кога се вратив пред две години изјавив дека имам посебни чувства кон клубот и ништо не се сменило. Тоа е клубот кој е најблиску до моето срце и јас сум многу среќен што останувам долго“, додаде Мурињо.

При својот прв престој на „Стемфорд бриџ“, Мурињо работеше три години, што е и најкраткиот период во кој и да е клуб. Ако го исполни обновениот договор до крај, тој ќе додаде уште шест сезони во Челзи во својата биографија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП