18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошарка: Последната провека пред ЕП почна со победа над Израел

Кошарка: Последната провека пред ЕП почна со победа над Израел

kosarkari mkd

Македонската кошаркарска репрезентација ја солвада соодветната селекција на Израел со 75-58, во првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за настап на Европското првенство во септември.

Во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, македонската репрезентација предводена од неодамна именуваниот селектор Марјан Србиновски извојува победа во првата проверка, доминирајќи во текот на целиот натпревар со Израелците, и покрај почетното водство од 8-0 на гостинската селекција

Најефикасен кај македонската селекција беше Александар Костоски со 14 поени, од кои две тројки постигна во финишто на мечот, а го следеа Влатко Илиевски и Дамјан Стојановски со по девет, како и Предраг Самарџиски и Љубомир Младеновски по осум поени.

Македонските кошаркари денеска ќе одиграат уште еден натпревар во Охрид, овој пат против селекцијата на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП