19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојка: Македонија подобра во првиот меч со Полска

Одбојка: Македонија подобра во првиот меч со Полска

odbojkari mak

Одбојкарската репрезентација на Македонија со пресврт забележа нова значајна победа во Европската лига, овојпат на гостински терен над Полска со 3-2 во сетови, со што македонската селекција се врати во игра за пласман на Ф4 турнирот во Полска, за што е потребна уште една победа во вториот натпревар во сабота, и два пораза на Грција против Словенија.

Македонските одбојкари не беа поколебани од водството на домаќинот од 2-1 во сетови, во која се најдоа по неискористени две сопствени сет-топки.

По одлично започнатиот меч и доминација во првиот сет, во финишот дојде до пад во концентрацијата, што Полјаците го искористија за од негатива од 18-21 да поведат со 23-22. Македонија спаси и сет-топка на противникот при резулат од 24-23, за потоа со два добри сервиси на Симовски да слави со 26-24 за водство од 1-0 во сетови.

Вториот сет почна со подобра игра на полската селекција, по чие водство од 5-2 Македонија израмни на 5-5 и вторпат на 12-12. Сепак, домашната селекција го доби сетот со 25-22, со што израмни на 1-1.

Во третиот сет македонските одбојкари имаа водство од 22-24, но потоа им овозможија на противниците да направи пресврт. Така, Полјаците го добија сетот со 26-24, по дискутабилна судиска одлука во последниот поен.

Во четвртиот сет Полска поведе со 8-5 на првиот технички тајмаут, но македонските одбојкари покажаа карактер, направија пресврт и убедливо го добија сетот со 25-20, со што се дојде до тајбрејк.

Во петтиот решавачки сет по израмнетиот почеток, Македонија поведе со 5-3, принудувајќи го полскиот селектор да земе тајмаут, по што следуваше водство на Полска 6-5. Вториот техничкиот тајмаут донесе ново водство на Македонија од 8-7, а потоа и предност од 11-8 и 12-9, за до крајот да биде одржуван истиот ритам за конечните 15-12 за Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП