9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентинецот и официјално нов член на „светците“

Аргентинецот и официјално нов член на „светците“

Di-Maria6

Аргентинскиот напаѓач Анхел Ди Марија денеска и официјално стана дел од париски ПСЖ, чиј дрес ќе го носи во наредните четири години.

Анхел Ди Марија (27) од Манестер Јунајтед премина во ПСЖ за 63 милиони евра, што е втор најголем трансфер во историјата на францускиот фудбал, веднаш зад трансферот на Едисон Кавани, за кого ПСЖ на Наполи му плати 64 милиони евра.

Според француски извори, Аргентинецот во ПСЖ ќе заработува 240 илјади евра неделно.

Ди Марија пред една година со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампиони, по што премина во Манчестер Јунајтед за зашеметувачки 85 милиони евра, но не успеа да се наметне во редовите на „црвените ѓаволи“.

За репрезентацијата на Аргентина има одиграно 66 натпревари и постигнал 15 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП