ИНТЕРЕСНО

Македонија напредна за две места на листата на ФИФА

mkd avstralija

Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок од две места на најновата ранг-листа на ФИФА, на која се најде на 103-то место за месец август.

Напредокот на македонскиот национален тим доаѓа во период во кој репрезентацијата не одигра ниту еден натпревар и ги задржа постоечките 311 бодови.

Ова се должи на фактот што Бенин и Салвадор, кои загубија бодови поради своите слаби резултати во изминатиот месец, паднаа под Македонија.

Следни противници на македонскиот национален тим се Луксембург (5-ти септември) и Шпанија (8-ми септември).

Аргентина  ја задржа водечката позиција на најновата ФИФА ранг-листа, пред Белгија, која го мина актуелниот светски првак Германија.

Зад Германците се наоѓаат Колумбија, Бразил и Португалија, а најголем пад од водечките селекции бележи Холандија, која од петтата падна на 12-та позиција.