15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонците ја прифатија понудата, Педро се сели во Јунајтед!?

Каталонците ја прифатија понудата, Педро се сели во Јунајтед!?

peki 33

Барселона и Манчестер Јунајтед постигнаа договор околу трансферот на Педро Родригез за сума од 32 милиони евра, но „каталонците“ сакаат да го задржат уште една недела до натпреварот од Суперкупот на Европа.

Двата клуба најпрво ја договориле цената од 26 милиони евра со можен бонус од шест милиони.

Меѓутоа, Барселона ќе се сретне со освојувачот на Лига Европа, Севиља во Тибилиси, па клубот сака да го сочува својот офанзивец до оваа средба.

Нејмар и Лионел Меси неодамна се вратија од одмор, откако завршија со обврските во натпреварувањето „Копа Америка“ и многу малку е веројатно дека ќе го играат целиот натпревар од Суперкупот.

Педро исто така би сакал да го одигра овој значаен натпревар пред да оди во Манчестер Јунајтед, што значи дека овој клуб првата средба од Премиер лигата против Тотенхем во сабота ќе ја игра без него.

Тој дури треба да се договори со Јунајтед за личните услови, а главната цел му е поголема минутажа.

Менаџерот на Јунајтед, Луи ван Гал неодамна рече дека овој 28-годишник е типот на играч кој му недостасува во тимот и дека можат да освојуваат титули доколку купат брзи и креативни фудбалери.

Педро постигна дури 98 голови на 318 натпревари колку што одигра за Барселона, а тренерот Луис Енрике изјави дека би сакал Родригез да остане во клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП