19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнастасија Богдановски обезбеди олимписка Б-норма и на 100 м слободно

Анастасија Богдановски обезбеди олимписка Б-норма и на 100 м слободно

bogdanovski 02

Македонската пливачка Анастасија Богдановски се пласираше на 35-то место од вкупно 90 натпреварувачки во дисциплината 100 метри слободен стил на Светското првенство во Казан и oбезбеди олимписка Б-норма.

Богдановски ја исплива делницата за 56,12 секунди, што е воедно е нов државен рекорд во оваа дисциплина и е за 24 стотинки подобар резултат од досегашниот македонски рекорд.

Нашата претставничка пред два дена постави нов државен рекорд и на 200 м слободно (2:01,28) и ја потврди остварената Б-норма во оваа дисциплина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП