11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРивер Плејт по трет пат го освои Копа Либертадорес

Ривер Плејт по трет пат го освои Копа Либертадорес

kopa libertadores

Аргентискиот фудбалски тим Ривер Плејт по трет пат го освои Копа Либертадорес откако во финалето во реваншот пред домашните навивачи славеше со 3:0 против мексикански Тигрес УАНЛ.

Погодоците за победата на Ривер Плејт, кој четири години по испраќањето во втората аргентинска лига го освои Копа Либертадорес и Копа Судамерикана (2014), ги постигнаа Лукас Аларио (44), Карлос Санчез (74-11м) и Рамиро Фунес Мори (78).

Копа Либертадорес е јужноамерикански пандан на европската Лига на шампиони.

Првиот натпревар кој се одигра во Монтереј заврши со нерешен резултат 0:0.

Ривер Плејт, кој славеше пред 62.000 гледачи на стадионот Монументал, претходно го освојуваше Копа Либертадорес во 1986-та и 1996-та година.

Победата на Ривер Плејт ја зајакна доминацијата на аргентинските клубови во ова натреварување, кои досега имаат 24 титули, следат Бразилците со 17 и Уругвај со осум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП