20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Минаа Партизан, Скендербег, Шајтор, Бриж, Базаел...

ЛШ: Минаа Партизан, Скендербег, Шајтор, Бриж, Базаел…

ls nova

Фудбалерите на Шахтјор, Малме, белградски Партизан, Бриж, Базел, Астана, Селтик, БАТЕ Борисов, Макаби Тел Авив, Скрендербег Корча и московска ЦСКА го минаа 3-то претколо од Лигата на шампиони во средата.

Во дерби натпреварот од ова коло од квалификациите од Лигата на шампиони, Шахјтор убедливо со 3:0 го совлада Фенербахче, откако првиот меч во Истанбул се одигра без голови.

Панатинаикос не успеа да ја сочува предноста (2:1) од првиот меч против Клуб Бриж, кој со победа од 3:0 мина во следната фаза.

Шведски Малме направи подвиг бидејќи дома го совлада Ред Бул Салцбург со 3:0, со што ја надомести негативата од Австрија (0:2) од првиот меч.

Вистинска сензација приреди Макаби од Тел Авив победувајќи ја во гости Викторија Плзен со 2:0, откако Чесите по првиот меч во Израел се вратија со предност (1:2).

Партизан во Белград славеше против Стеауа со 4:2, иако романската екипа на полувреме имаше предност од 1:2 и резултат кој во тој момент ја носеше во првата фаза, со оглед дека мечот во Букурешт заврши 1:1.

Вистинска драма се одигра во Казахстан каде домашната Астана го совлада Хелсинки со 4:3, а решавачкиот гол  беше постигнат во третата минута од судиското надоместување и тоа со играч помалку на теренот.

Базел дома го победи Лех со 1:0 со вкупни 4:1 мина натаму. Селтик одигра 0:0 кај азербејџански Карабах и ја сочува минималната предност од 1:0 од Глазгов, додека московска ЦСКА во реваншот во Прага ја совлада Спарта со 3:2 и со вкупни 5:4 мина натаму. Чесите по 16 минути водеа со 2:0, но подоцна примија три гола.

Резултати на натпреварите одиграни во среда:

Астана – Хелсинки 4:3 (4:3 вкупен резултат),

Карабах – Селтик 0:0 (0:1),

Бате Борисов – Видеотон 1:0 (2:1),

Базел – Лех 1:0 (4:1),

Малме – Салцбург 3:0 (3:2),

Партизан – Стеауа 4:2 (5:3),

Скендербег – Милсами 2:0 (4:0),

Викторија Плзен – Макаби ТА 0:2 (2:3),

Спарта Прага – ЦСКА Москва 2:3 (4:5),

Бриж – Панатинаикос 3:0 (4:1),

Шахтјор – Фенербахче 3:0 (3:0).

Резултати од вторник:

Молде – Динамо Загреб 3:3 (4:4 вкупен резултат),

АПОЕЛ – Митјиланд 0:1 (2:2),

Ајакс – Рапид Виена 2:3 (4:5),

Монако – Јанг Бојс 4:0 (7:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП