30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМејведер го одбра противникот за последната борба во кариерата

Мејведер го одбра противникот за последната борба во кариерата

berto mej

Најплатениот спортист на денешницата, американскиот боксер Флојд Мејведер, го одбра противникот за веројатно последната борба во кариерата, која ќе биде одржана на 12-ти септември годинава.

Четири месеци по победата во `борбата на столетието` против Мени Пакјао, Мејведер одлучи последниот меч во кариерата да го одработи против Андре Берто, 31-годишник, кој во својата кариера има 30 победи и три пораза, пренесуваат медиумите.

Според зборовите на американските стручњаци, Берто не е достоен за борба за наслов светски првак и никој не го спомнуваше како еден од можните кандидати за тој меч.

Со евентуална победа во тој натпревар Мејведер би се изедначил по бројот на победи со легендарниот Роки Марчијано, кој кариерата ја заврши со 49:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП