19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлажевски 33-ти, но остана без норма за Рио

Блажевски 33-ти, но остана без норма за Рио

marko-blazevski

Македонскиот пливач Марко Блажевски во дисциплината 200 метри мешано на Светското првенство во Казан, заврши на 33. место, што не беше доволно за Б нормата за олимписките игри во „Рио 2016“.

Блажевски патеката ја исплива со време од 2:04.79, што е четири десетинки побавно од олимписката Б норма.

Инаку, личниот рекорд на Блажевски, кој воедно е и државен рекорд, изнесува 2:03.65, а испливан е минатата година.

Во вторникот Анастасија Богдановски ја потврди Б-нормата на патеката 200 метри слободно, која ја оствари во мај.

Богдановски ќе настапи во четврток на патеката 100 мети слободно, а Блажески на 9 август, на затворањето на првенството, во дисциплината 400 метри мешано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП