19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАмериканската штафета на 4x100 мешовито урна рекорд стар неколку минути

Американската штафета на 4×100 мешовито урна рекорд стар неколку минути

mix plivanje

Светскиот рекорд во штафетата на 4×100 мешовито, која е сочинета од две пливачки и двајца пливачи, урнат е на Светското првенство во пливање во Казан два пати за само неколку минути.

Првин Русите победија во својата квалификациска група со најдобро време од 3:45.87, а потоа американската штафета во втората квалификациска група и го подобри рекордот за цели три ипол секунди.

Американската четворка Рајан Марфи, Кевон Кордс, Кендил Стујарт и Лиа Нил, ја препливаа делницата за рекордни 3:42.33.

Ова е прв пат пливачи и пливачки да се натпреваруваат во оваа дисциплина на Светско првенство. Претходно се натпреваруваа на Европското првенсвто во Берлин 2014-та. Треба да се напомене дека оваа не е олимписка дисциплина.

Пред денешното двојно уривање на рекордот, најдобар резултати во оваа дисциплина оствари екипата на Австралија во јануари 2014-та во Перт со време од 3:46.52.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП