9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Марија потврди дека веќе е играч на ПСЖ

Ди Марија потврди дека веќе е играч на ПСЖ

dimce 300

Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија го потврди преминувањето од Манчестер Јунајтед во ПСЖ.

Двата клуба се уште не го објавиле официјално договорот, но во вторникот вечерта 27-годишниот фудбалер ги мина медицински прегледи во Катар, по што го изрази задоволство од трансферот.

„Многу сум среќен што се приклучив на ПСЖ“, изјави Ди Марија, кој си постави за цел освојување на четирите интерни турнири и надминувањето на четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

„Доаѓам во тим кој ги освои сите можни трофеи во Франција во минатата сезона. Ова е многу важно за клубот. Во последните две години ПСЖ стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите, па една од моите цели тука е да му помогнам на тимот да ја надмине оваа бариера. Ќе се обидам да го дадам најдоброто од тоа за што сум способен за да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели и да стигне што подалеку во Лигата на Шампионите “, додаде тој.

Ди Марија се пресели во ПСЖ по само една година откако Манчестер јунајтед го скрши британскиот рекорд за трансфер, за да го купи од Реал Мадрид.

dimce 302

„Црвените ѓаволи“ платија 75 милиони евра за Аргентинецот, додека сега парижаните ќе дадат 63 милиони евра.

Ди Марија постигна четири гола во 32 натпревари за Јунајтед. Тој добро ја започна кариерата во Премиер лигата, но потоа неговиот престој на „Олд Трафорд“ не се покажа успешен.

Аргентинецот игра на шест различни позиции, вклучувајќи како внатрешен играч и напаѓач. Освен тоа заработи повреда поради која не играше во декември, а по враќањето ретко наоѓаше место во стартниот состав.

На крајот на јуни Ди Марија го изрази незадоволството од својот статус во Манчестер јунајтед.

„Плановите не се реализираа така како што сакав, бидејќи не играм. Дојдов со намера да играм, а се најдов да седам на клупата“, рече тогаш Аргентинецот.

Со преминувањето на крилото во ПСЖ, трансфер сумите платени за него од почетокот на неговата кариера, достигнаа 182 милиони евра.

По неговата продажба, Манчестер јунајтед ќе се насочи кон Педро Родригез од Барселона.

dimce 304

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП