23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИниеста нов капитен на Барселона

Иниеста нов капитен на Барселона

kap barsa

Еден од најдобрите фудбалери на светот Андрес Иниеста назначен е за нов капитен на Барселона, потврдено е на официјалниот сајт на клубот.

Иниеста, кој досега беше заменик капитен, го наследи на таа улога Чави, кој се пресели во катарски Ал Сад.

Тој е избран со тајно гласање во кое учествуваа сите членови на првиот тим.

Истовремено, нов заменик на капитенот е Лионел Меси, а за трет капитен избран е Серхио Бускетс, додека како четврт е назначен Хавиер Маскерано.

„Ова претставува огромна одговорност бидејќи ја репрезентира комплетната слика на клубот. Да се стане прв капитен на клубот е нешто посебно, особено за мене кој толку години сум во клубот“, изјави Иниеста за Mundo Deportivo.

Тој има најдолг стаж во клубот. Дебитираше за првиот тим во 2002-ра година и до сега има одиграно 549 натпревари и дадено 53 гола.

Меси веќе 12 сезони е во Барселона, додека Бускетс е во клубот од 2008-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП