17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенитез потврди дека Бејл и Бензема остануваат во Реал

Бенитез потврди дека Бејл и Бензема остануваат во Реал

Bale and Benzema

Карим Бензема и Герет Бејл ова лето нема да го напуштаат Реал Мадрид, објави тренерот на „белите“ Рафаел Бенитез.

Францускиот напаѓач е поврзуван со трансфер во Арсенал, а велшкото крило со преминување во Манчестер јунајтед.

Според медиумите во Англија двата клуба се подготвени со понуди, но Бенитез изјави дека е среќен од присуството на 27-годишниот Бензема и 26-годишниот Бејл во неговиот состав.

„Нема да зборувам за понуди. Се оди добро и Бејл го очекува многу добра сезона со нас, сигурен сум во тоа. Гарет е исклучително важен играч за нас и знам дека тој е среќен тука“, рече Бенитез во однос на Бејл.

А во врска со гласините за Бензема изјави: „Мислам дека Карим ќе остане. Јас сум многу задоволен што го имам во составот“.

Во исто време стана јасно дека францускиот напаѓач може да го пропушти почетокот на сезоната. Тој се повреди за време на тренингот минатата недела, а денешните прегледи покажале мускулна повреда во левата бутина.

Засега е јасно само дека Бензема ќе го пропушти пријателскиот турнир „Audi Cup“ во Минхен. Денес Реал се соочува со Тотенхем во првото полуфинале, а во второто играат домаќинот Баерн и Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП