16 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе подготвуваат нови „iMac“ компјутери

Се подготвуваат нови „iMac“ компјутери

imakce

Американскиот гигант „Apple“ подготвува нова генерација на „iMac“ компјутери кои планира да ги претстави во текот на третиот квартал од оваа година, а претставувањето ќе биде на манифестацијата која ќе се одржи во септември.

Се очекува дека новите „Mac“ компјутери ќе пристигнат со побрзи процесори (најверојатно со серијата „Skylake“ на „Intel“), побрза „DDR“ меморија, како и зголемена резолуција на екранот.

Во новата серија ќе се најде место и за 21,5-инчен модел со „4K Ultra HD“ (3840 x 2160 пиксели) резолуција, покрај 27-инчниот „5K“ (резолуција 5120 x 2880 пиксели) модел.

Дисплеј панелите на овие модели ќе се карактеризираат со нови „LED“ материјали кои ќе ја подобрат заситеноста на бојата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП