3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО500 милиони фунти досега потрошија клубовите од Премиер лига

500 милиони фунти досега потрошија клубовите од Премиер лига

premier-league-generic

Фудбалските клубови од Премиер лигата на Англија досега потрошија над 500 милиони фунти за привлекување на играчи во овој преоден рок.

Тие ја надминаа суматата од 335 милиони од минатогодишниот рекорд, а до крајот на трансфер прозорецот остануваат уште четири недели.

Според податоците на „Deloitte“ границата од 500 милиони беше достигната во петокот, а допрва се чекаат уште неколку големи зделки.

Во исто време, сепак се забележува доста разумно трошење во Премиер лигата во однос на претходните сезони и дури водечките клубови веќе ги компензираат скапите засилувања со големи продажби.

pr trans

Најскап договор до моментов е преминувањето на Рахим Стирлинг од Ливерпул во Манчестер Сити за сума од 49 милиони фунти. 20-годишното крило стана најскапиот англиски играч во историјата.

Манчестер Јунајтед, пак, веќе потроши 83 милиони фунти за Морган Шнидерлинг, Мемфис Депај, Бастијан Швајнштајгер и Матео Дармиан, а Луис ван Гал се уште го нема имплементирано својот „изненадувачки трансфер“.

Ливерпул исто така инвестираше сериозна сума во нови засилувања – Кристијан Бентеке, Роберто Фирмино, Натаниел Клајн и Џо Гомез кои го чинеа вкупно 78 милиони фунти.

Скромниот до моментов, Челзи, подготвува нова понуда за дефанзивецот Џон Стоунс, откако Евертон ја отфрли првата понуда со вредност од 26 милиони фунти. Медиумите во Англија очекуваат и уште една голема зделка, бидејќи Манчестер Сити има интерес кон Кевин де Бруин од Волфсбург.

Арсенал исто засега не е активен на пазарот и го купи само Петер Чех за 10 милиони фунти. „Топџиите“, сепак може да посегнат подлабоко во џебовите за Гонзало Игуаин, кој одби да потпише нов договор со Наполи.

pr trans1

„Многу е веројатно да има нов рекорд со средствата од новиот договор за телевизиските права“, коментира експертот за фудбалски финансии Роб Вилсон, цитиран од „BBC“.

Од следната сезона влегува во сила новиот договор, кој е во вредност од 5.1 милијарди фунти за три години. Актуелниот е во вредност од 3 милијарди фунти.

Со новиот договор тимот кој ќе го заземе последното 20-то место, ќе добие 99 милиони фунти, а шампионот – 150 милиони, а овие износи се без бонусите за повеќе учества во ТВ натпреварите.

Освен тоа од оваа сезона влегува во сила и новиот договор за емитување на натпреварите на англиските тимови во Лигата на Шампионите и Лига Европа. „BT Sport“ ќе платат 897 милиони фунти за наредните три години.

„Она што ги тера клубовите да трошат повеќе, не е само новиот договор за Премиер лигата, туки и влегувањето на „BT“ на пазарот на Лигата на шампионите“, додава Вилсон.

pr trans2

Иако се очекува рекордот од минатото лето да биде подобрен, според него нето трошоците на клубовите ќе бидат помали поради финансискиот ферплеј.

Јунајтед потроши 83 милиони до моментов, што е доста разумно, откако минатата сезона даде 59.7 милиони само за Ди Марија.

„Ако успеат да го продадат Ди Марија на ПСЖ за околу 45 милиони фунти, тие ќе можат да си го обезбедат Педро од Барселона и нивните трошоци на крајот на трансфер прозорецот да останат скромни“, коментира Вилсон.

Ливерпул пример го купи Бентеке за 32,5 милиони, но дури откако го продаде Стирлинг на Манчестер Сити.

„Сведоци сме на тоа дека клубовите се разумни, донекаде поради финансискиот ферплеј. Фискалната одговорност станува рутина и иако клубовите беа упорни и пред тоа, сега тие гледаат користа од тоа да е соодветна. Ова е добар потег за фудбалот како целина“, истакна уште Вилсон.

Трошоците за нови играчи во Премиер лигата (вклучени се износите од летниот и зимскиот трансфер прозорец):

2004/2005 – 265 милиони фунти

2005/2006 – 305 милиони фунти

2006/2007 – 320 милиони фунти

2007/2008 – 645 милиони фунти

2008/2009 – 670 милиони фунти

2009/2010 – 480 милиони фунти

2010/2011 – 590 милиони фунти

2011/2012 – 545 милиони фунти

2012/2013 – 610 милиони фунти

2013/2014 – 760 милиони фунти

2014/2015 – 965 милиони фунти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП